Мирен бре мирен. Поднесена е. Е з`ш не спроведена….чек немој тек дака да брзаш. Знајш дека нашава администрација е пребукирана од работа. Ама кај и да е ќе се процесуират. Дур речиш оториноларингологија оставката од Зајко ќе стигнит кај потребната дестинација. Ар ќути шо не сме Германци. Ќе требеше да речиме: Donaudampfschiffahrtsgesellschaftskapitän ( Капетан на компанијата Дунав Парава) и ќе го јадевме стапот.

Пази ваму. Не биди и ти само критичар и кај требит и кај не требит. Ај да те прашам вака: дали едно барање за легализација трајт појќе од 18 месеци? Е не трајт де. Работат луѓето. Ам ај да се раскинет. Роботи да беа не ќе можат пред 14 месеци да ти одговорат. Е па имат чаре. Ако имет ум сега новиве градоначалници од ВМРО можат одма го решат ова проблем. На оние 8 во канцеларија административци градоначалниите од СДСМ шо ги имет вработено, џанг уште по 7-8 имат да летат работата како МИГ 36.

А шо се однесвит за оставката на Заев….пратена е и то со повратница. Арно ама Ѓоре поштарон денојве имат појачани менструација, не ојт на работа. А пак Себи “точакон“ имат мајасол и немојт да возит точак за да ја однесит. Кај шо требит. Зборвевме со Мица заменичкана ама немојме да ја најме нигде. Ти имала проблеми со простата.

Јоне пак гласачон пак з`ш е од СДСМ не сакат да ја однесит и велите дека три дела лутат околу тетовско и неможел да ја најдит Мала Речица за да му ја дајт на Шок Аљи да ја рагледат оставката. Плус врнело. И умре една: и ветар да вее и бура да коси….Е сега зборвевме со баба Рада и побаравме чаре. Та ни рече дека сите требит да пијаме чај од “Глупандин“ по четири кутличаени лајци осум пати на ден, по можда ќе сме го решеле проблемот.

Тук да не губиме време ајде станви и летај на трета доза вакцина. З`ш знајш шо разбрав? Ај шо не мојш по кафаниве да влегвиш тук ќе морам сам да уживам во Рајот во небесното Царство. Да бре. Така рече владикана Перица и жив остана. Вистина е бе вистина. Веќе му дал на Свети Петар редарски инструкции кој каде да пуштат и како да провервит сертификати. Овај спуштил апликација и сека преку QR код гледат кој е, а кој не е вакциниран. Пристап до рајот само со вакцина и со Мерцедес но не постар од годината ко си рикнал. Е сега зш не знам. Ваљда тие со мерџовци ги рачунет ко Божји луѓе….ко Перета.. Не знам.

Чек уште ова ќе забораев. Сношти ко бев во едно мотелче после туширање ме замоли една да и дам една рецепта. Земи пиши. Потребни состојки: јунетина, кромид, лук, 4-5 компири, 2 тиквици, патлиџан, 3 пиперки, винска киселина, тројчка бело вино, кечап, сол, бибер, 1-2 лајци брашно и бугарско масло.

Е чек . Заборајв. Пиши горе дека ова јадење се викат Папазјанија. Е како кај ја видов рецептава? Не ја гледаш нована емисија за храна? Па секој ден ја давет во сите вести и се викат “Мицковата кујна“. И излегвит главниот кувар и ај шо зборвит како и шо се прајт туку како доказ дека е вистина мафтат со листот за убо да запашиме или да го сликаме. Мада мислам дека и тој мојт да се сликат сам. Не знам.

ЏИМИ

Ставовите објавени во рубриката Писма-Колумни се гледиште на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одоговорност за содржината на истите