Охридскиот ракометен клуб ќе има променет состав за третата сезона во Супер лигата откако во летниот преоден рок и четврти ракометар потпиша договор со друг клуб.
Повремениот репрезентативец и едно од последните засилувања Милан Левов им се придружи на браќата Никола и Велко Маркоски и Златко Мојсоски во тимот на Работнички.
Левов имаше две годишна пауза поради повредата на вкрстените лигаменти на коленото и на теренот се врати во дресот на Охрид.
Својот потенцијал десниот бек го покажа кон крајот на сезоната кога охридскиот состав веќе имаше го имаше обезбедено првото место во плејаутот од Супер лигата.
Претходно договори со други клубови потпишаа бековите Бојан Белевски (Радовиш), Борче Соколов (Зомимак) и Константин Вешоски (Монтелимар).
Мх.П.