Времето денес во Охрид ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе
дува умерен, а на места засилен северен ветер. Утринската
температура  се спушти под нулата, а максималната дневна ќе достигне до 9 степени Целзиусови.


Од утре дневните температури ќе бидат во пораст, додека утрата ќе бидат студени. Во среда максималната температура во земјата ќе достигне 19, а во четврток до 20 степени.

OhridNews