Времето денеска во Македонија ќе биде стабилно со мала до умерена облачност и многу топло за овој период од годината. Ќе дува умерен јужен ветер. Утринската температура ќе се движи од седум до 13, а дневната од 19 до 23 степени.
Во четврток ќе преовладува претежно облачно време со повремени врнежи од дожд особено во западните делови од земјава, а дневната температура на воздухот ќе опадне за околу шест степени. Во наредните денови ќе преовладува стабилно и релативно топло време, освен во сабота навечер кога ќе има услови за локален дожд.
OhridNews