Република Македонија речиси две децении води битка за уставното име, кое го оспорува нашиот јужен сосед. И порај тоа што досега сме упатиле бројни забелешки за неупотреба на нашето уставно име на официјални средби и манифестации во светот, за жал ни се случува и дома наместо Република Македонија, да се употребува цело или дел од привременото име под кое земјава е примена во ОН. Таков е случајот и со Регионалната конференција на која беше промовиран концептот на „Европа Ре“ за развој  на пазарите на осигурување од невреме и катастрофални ризици во Југоисточна Европа, што се одржува во Охрид. На официјалниот банер на конференцијата пред името Македонија наместо Република стои кратенката „FYR“.


OhridNews