Членовите на охридскиот нуркачки клуб „Акватек“, на дното на Охридското езеро, пронајдоа и фрижидер. Предметот е лоциран на длабочина од 15 метри, оддалеченост од брегот околу 500 метри.
- Размислуваме дали да се извади, бидејки има доста жив свет на неговата површина, а има и знаци од живеалиште на охридскиот слатководен рак. Ќе се консултираме со стручни лица и ќе делуваме, вели Никола Паскали од „Акватек“.
Претходно, членовите на „Акватек“ од дното на езерото пронајдоа и извадија бројни предмети, меѓу кои мијалник, када, бојлер, делови од правосмукалка и машина за перење, казанче за купатило.
OhridNews