
Сепак тоа беше достоен пораз на македонската репрезентација која против Германија го одигра најдобриот натпревар на првенството. Избраничките на Портној беа рамноправни во првото полувреме кое заврши 10:10, поведоа во вториот дел 11:10, но немаа доволно сили за сензација иако го намачија противникот до самиот крај.
Во шест натпревари на ЕП загубивме пет, а подобри бевме само од нашиот северен сосед Србија, што секако е под желбите и очекувањата, но со оглед на играчкиот состав и порикажаното, во моментов ова е максимумот на нашиот национален тим. Загрижува фактот што немаме домашна ѕвезда, ниту име кое доаѓа и дека товарот на континенталниот собир го понесоа ветеранката Радуловиќ и натурализираните Наукович, Партенко и Окуланга.
Сето ова како размислување за челниците во РФМ пред наредното Европско првенство во 2008г. чии домаќини сме токму ние.










