По повод одбележувањето на Велигденските празници и со цел збогатувањето на понудата на Охрид, на 4 и 5 април, Општина Охрид и ЈП „Градски пазар“, на плоштадот Чинар, организираат Велигденски базар.

Заинтересираните правни и физички лица  кои сакаат бесплатно да ги користат пултовите поставени на плоштадот Чинар, за изложување на своите производи, можат да се пријават во просториите на ЈП „Градски пазар“, најдоцна до понеделник, 2-ри април.

OhridNews