Со богослужби и верски обичаи во Охрид и охридско денеска се одбележува празникот Успение на Пресвета Богородица, во народот познат уште и како Голема Богородица.

По повод празникот кај црквата посветена на Богородица  во Скребатно,  денес се одржува традиционалниот, голем црковно народен собир на кој присуствуваат неколку илјади верници.

Веќе петнаесетина години црковните одбори во кои членуваат повеќе истакнати граѓани по потекло од скребатскиот крај трпеливо го надградуваат црковното место кое од година во година привлекува се поголем  број постители. Црквата целосно е возобновена пред 6 години на темелите на стариот храм, кој со точност не се знае од кога потекнува. Скребатно за прв пат во пишан документ се спомнува во 1583 година.

OhridNews