Вчера околу 14 часот една третина од каналот се покри со масна дамка која шеташе по каналот во зависност од струењето. Причината  за нејзино појавување засега е непозната, но нанесува несогледиви штетни последици по целиот екосистем, преупредуваат спортските риболовци кои биле сведоци на загадувањето.


 нафта го прекри и каналот Студенчишта

И најстарите спортски риболовци го немаат видено каналот во ваква состојба. Мрсните дамки ќе наштетат на целиот рибен фонд кој сега почна да влегува на зимување во каналот Студенчишта и може да го прекине овој многувековен процес, вели Радован Димитриевски претседател на СРК „Св Апостол Петар од Охрид“.

Пред два дена нафтена дамка се појави и кај мостот пред хотелот Палас, а за случајот беа алармирани надлежните инспекциски органи.

Ohridnews