Со оглед на последните случувања во Првата Лига- Мажи, а е поврзано со однесување на дел на навивачките групи, и согласно со одлуката на последниот состанок на Здружението на Прволигашите, сакаме да Ве информираме дека во иднина, за време на првенствената сезона 2010 / 2011, е најстрого ЗАБРАНЕТО организирано водење на навивачки групи на гостински терен.

Комесарот за натпреварување на Сениорските Лиги на Р. Македонија, во согласност со одлуката на Здружението на прволигашите, и актуелните закони на  Р. Македонија за спречување на насилство на спортските терени, стриктно ќе ги почитува сите донесени одлуки и закони, а во исто време НАЈОСТРО ќе ги санкционира сите наредни обиди за организирано водење на навивачи на гостински терен.

Ohridnews