Нацрт Деталниот урбанистички план за Урбана Заедница 2, дел од урбан блок 2.2, на општина Охрид 2008-2013, со кој се предвидува изградба на Конгресен центар на просторот кај некогашниот мал полигон, по втор пат ќе се најде пред градските советници. Оваа точка е на дневен ред на 58-та седница на Советот закажана за денеска.
Расправата за изградба на Конгресниот центар беше одложена на минатата седница на Советот откако дел од советниците побараа повеќе информации за проектот. Во јавноста се шпекулира дека на просторот кој пред повеќе од 7 години ГП Гранит со доби со извршно судско решение заради неплатен долг на општината, ќе никне станбено-деловен комплекс. Ваквите информации деновиве ги демнатираше градоначалникот на Охрид, Александар Петрески. Тој во изјава објавена на општинската веб страна ја уверува јавноста дека на просторот кај полигонот ќе се гради капитален објект каков што му недостаува на Охрид.
„Конгресниот центар е потреба за Охрид и тој ќе биде вистинска придобивка за градот кај се стреми да биде развиен и современ. Ние не сме во можност секогаш да се презентираме пред светот и да привлекувме разни гости и манифестации тому заради немањето на една современа дворана, на еден повеќенаменски културен и општествен објект каков што е Конгресниот центар. Мислам дека шпекулациите кај злонамерните завршија, дека и стана јасно на јавноста за што се работи и очекувам по утврдувањето на Нацрт-ДУП од страна на Советот да се спроведе јавната анкета и комплетната постапкаа која е предвидена со законот. Во интерес на Охрид па и Македонија е ова здание да биде реалност што поскоро“, вели Петрески.
Четвртото издание на Охридскиот вински фестивал, настан кој полека но сигурно станува попрепознатлив белег на туристичка понуда на градот, започнува утре и ќе трае до сабота, 28 јуни Во трите фести...
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет ...
ЈП Водовод Охрид започна со реконструкција на дотраената и оштетена азбест-цементна (салонитна) водоводна линија на улица “Воденичарска” во сВелгошти Со цел да се обезбеди навремено и к...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.