Градот под Самоиловите тврдини доживува спортска ренесанса откако по фудбалот на охридската спортска сцена се врати и кошарката.


Спортот со најголем успех во Охрид на национално ниво во името на Кошаркаркиот клуб Охрид ќе има свој преставник на македонската кошаркарска сцена.


Клубот се фузираше со струшки Црн Дрим и ќе го заземе неговото место во Втората лига. Амбициите на охридскиот колектив се големи, но ќе се оди чекор по чекор, натпревар по натпревар.


– Целта во првата сезона ни е пласман во првите три екипи на табелата. Имаме високи цели, но не сакаме да трчаме бидејќи нема успех преку ноќ. Имаме квалитетни кошаркари, а тоа треба да го покажаме и на теренот. – велат од клубот.


Тренер на екипата е Петар Чочоровски од Струга, а кошаркарите во тимот во главно се од езерските градови надополнето со квалитетни засилувања од страна.

Мх.П.