Како што доаѓа крајот од регуларната сезона во НБА лигата така се повеќе расте тензијата на теренот за победа, која ќе значи чекор напред кон разигрувањето.
Цехот од еден таков натпревар меѓу водечките тимови Мајами и Оклахома го плати Леброн Џејмс, кој мечот го заврши со пукнат нос.
По и пред повредата Џејмс одигра маестрален натпревар постигнувајќи 33 поени, а вечер за паметење во Оклахома имаа и Вејд (24 поени, седум скока и десет асистенции) и Крис Бош (24 поени и осум скокови).
Мх.П.