Поради топлото време кое преовладува во нашата земја, комесарот на натпреварите во Фудбалската федерација на Македонија, Миле Спиркоски одлучи натпреварите на шеснаестина финалето на Купот на Македонија, кој требаше да се одигра во среда со почеток од 16:00, да се одложи за еден час подоцна и да почне во 17:00 часот.

Охрид ` 04 на домашен терен ќе ја пречека екипата на Силекс, додека Охрид Лоте и гостува на Брегалница во Штип.

Актуелниот шампион Тетекс одбраната на титулата ќе ја почне на натпреварот против Саса од Каменица, додека финалистот од минатата година, Работнички ќе игра со Миравци.

Ohridnews