Охридските Колибри ја забележаа третата последователна победа совладувајќи ја Лирија со високи 92:75 (19:19,22:20,25:19,26:17). На охриѓани им беа потребни дваесет минути за да го скршат отпотрот на гостите и да си обезедат мирен финиш.


Играч на мечот беше Митрески Гоце кој со 23 поени беше нерешлива загатка за гостинската одбрана, капитенски предводејќи го тимот до новата победа. По 14 поени уфрлија Танаскоски и Бојоски , додека шлаг на мечот беа четирите “бомби“ во низа на Лихвничев.


Дамка на победата на Колибрите стави повредата на Христовски кој го преседа второто полувреме и постигна само 4 поени. Комлпетниот тим на Колибри се запиша во листата на стрелци.

Во наредната рунда се игра езерското дерби во кое охриѓани им гостуваат на Црн Дрим во Струга.

Колибри:  Митрески 23, Лихвинчев 15, Танаскоски 14, Бојоски 14, Танески 6, Грујоски 6, Иво Христовски 4, Голабоски 4 ,Здравески 4, Ристески 2.

М.П.