Новата германска амбасадорка во Македонија, Кристине Алтхаусер, претседателот на Македонско-Германското стопанско здружение, Михаел Дикамп и менаџерот на ЕВН Снабдување, Нико Берберу, вчера во Скопје по осми пат го отворија традиционалниот „Октоберфест“.

Над илјада посетители уживаа под огромните шатори во боите на „Октоберфест“ пред Веро Центарот во Скопје, а гостите имаа можност да уживаат во опуштена атмосфера со бели колбаси, печено пиле и свинска коленица со кисела зелка спремени по стари баварски рецепти.

Организацијата на Октоберфест во Скопје прерасна во традиција, овој настан е од големо значење за градот Скопје, тој е важен и за соработката и на економски и на културен план помеѓу нашите две земји.“ – изјави  Кристине Алтхаусер, германската амбасадорка во Македонија.  

Настанот беше надополнет со настап  на „План Г“ и популарната македонска пејчака Дани.

Инаку, главен спонзор на скопскиот „Октоберфест“ е ЕВН Македонија

OhridNews