По долго договарање градоначалниците на Струга и Охрид ги усогласија ставовите околу изборот на директор на меѓуопштинското јавно претпријатие „Проаква“. Деновиве и градоначалникот на Струга Рамиз Мерко ја потпиша одлуката со која на директорската позиција во „Проаква“ се поставува Златко Старкоски. Претходно тоа го направи градоначалникот на Охрид Александар Петрески.

Старкоски на раководната функција во Проаква доаѓа на местото на Игор Блажески.

OhridNews