Со изоставувањето на овој термин, како што стои во писмото се погазуваат основните норми на демократско однесување од страна на Комисијата.
„Принципот на солидарност, усвоен помеѓу членките на Европската Унија, не може да биде над универзалните демократски права. Со актот на солидарност со нашиот јужен сосед, Република Грција, во однос на нејзиниот неразбирлив спор со Република Македонија, Комисијата, на чие чело сте Вие, застана против научните факти (лингвистички, социолошки, историски), негирајќи едно вековно и значајно културно и духовно наследство кое му припаѓа на македонскиот народ, но и на културна Европа, а кое се препознава под поимот „македонски“. А, кога една организација, колектив, или заедница, не ги почитува во односот кон другиот основните начела врз кои почива и егзистира самата таа, тогаш, истата, не може да биде доживеана како доследна и принципиелна“ се вели во писмото.