Фудбалерите на Лацио останаа без круната во Купот на Италија. „Лацијалите“ претрпеа пораз од Наполи 1-0 и во 1/4 финалето ја завршија одбраната на титулата. Еден од виновниците за елиминицијата е Чиро Имобиле. Најдобриот стрелец во Серија А во 10-та минута од мечот имаше шанса од белата точка да го израмни резултатот. Но тој се лизна и неговиот удар заврши над голот. „Азурите“ до крајот го задржаа минималното водство и се пласираат во 1/2 финалето.

Четвртфиналните натпревари во Купот на Италија продолжуваат вечерва со натпреварот помеѓу Јувентус – Рома во Торино. Во 1/4 финалето уште силите ќе ги одмерат Милан – Торино (28 јануари) односно Интер – Фиорентина (29 јануари).

OhridNews