Иако календарски есента пристигна уште пред шест дена, глетката на охридскиот кеј деновиве потсетува на летен период.



Додека едни топлото време го користат за подготвување зимници, најупорните капачи го користат секој миг за да се сончаат на есенското сонце и пливаат во езерските води.


Сончевото и стабилно време ќе се задржи и во текот на наредните неколку дена. Според прогнозите на метеоролозите во Охрид не очекува сончево време со слаба доумерена облачност и максимални температури до 22 степени Целзиусови.