По повод денот на Гладта-16 Октомври, а во рамките на традицоналната кампања  против глад, Црвениот крст од Охрид денеска организира собирна акција во детската градинка “Билјана”.

Децата кои престојуваат во градинката “Јасна Ристевска” и во нејзините пет клонови, заедно со родителите и воспитниот кадар ќе донираат алишта кои преку Црвениот крст ќе им бидат доделени на семејствата кои живеат на работ од егзистенцијата.

Од Црвениот крст најавуваат дека кампањата ќе трае до 21 октомври. “Помогнете да го направиме подобар животот на гладните и сиромашните, апелираат од оваа хуманитарна организација.

Ohridnews