Фудбалскиот сојуз на Италија го повика во петокот капитенот на Наполи, Паоло Канаваро на сослушување по повод наводното местење на натпреварот против Сампдорија во мај 2010 година.


Покрај Канаваро, на сослушување се повикани и поранешниот играчи на клубот, Ѓанлука Грава и Матео Ѓанело, како и поранешниот помошен тренер, Силвио Ѓусти.

Ѓанело и Ѓусти се обвинети а измама во спортот, а Канаваро и Грава дека не го пријавиле местењето.

“Макфакс“