„Со непризнавањето на македонскиот јазик, нација и држава вие јасно ни кажувате дека нема место за Македонците во европската заедница. Кога сме невидливи, некоја непостоечка нација, зошто не уценувате како што не уценуваат Атињаните? Или мислите дека ние сме слабоумни и ќе се самоуништиме само вас да ви угодиме.
Време е да се запре геноцидната политика спрема македонскиот народ. Доколку не сте спремни да не прифатите онакви какви што сме, тогаш ве молиме, престанете да не малтретирате поради тоа што сме Македонци. Верувајте, на Македонија не и` е потребно членство во некаква Европска заедница доколку влегуваме во истата обезличени, без јазик и етничност.“ – стои меѓу другото во реакцијата на македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Австралија.