Несовесни поединци и натаму продолжуваат да ги кршат новозасадените дрвца долж улицата „Партизанска“. Исто така, на овој потег забележано е оштетување на уличните светилки и сообраќајните патокази.
„Локалната самоуправа апелира до граѓаните за поголема грижа за заштита на новозасадените дрвца, уредените паркови и другите јавни добра и ги замолува, доколку видат било каков случај на уништување, веднаш да ги алармираат надлежните инспекциски служби и полицијата.“ – велат надлежните при општина Охрид.
Оттаму информираат дека со надлежните инспекциски служби, договорени се механизми за идентификување на вандалите, против кои ќе бидат применети строги законски санкции.
OhridNews