Претседавачот на ОБСЕ, ирскиот вицепремиер Имон Гилмор изрази сочуство до семејствата на петмината Македонци, кои во четвртокот доцна вечерта беа убиени во околината на Скопје.

Гилмор ја поздравува брзата акција на властите и верува дека одговорните за овој, како што го нарекува, ужасен инцидент, ќе бидат изведени пред лицето на правдата.

„Се приклучувам на повиците на политичките лидери во земајта и нашите меѓународни партнери луѓето да останат смирени и да се воздржат од било каква акција што може да ги зголеми тензиите меѓу двете заедници“.

Во соопштението се вели дека мисијата на ОБСЕ ја следи ситуациајта и е во постојан контакт со властите и меѓународната заедница.

OhridNews
извор: „Макфакс“