Мирен изборен ден очекуваат претставниците на набљудувачите од делегацијата на Парламентарно собрание на ОБСЕ.

„Се надеваме дека денеска ќе биде мирен изборен ден без проблеми, бидејќи на Македонија и се неопходни овие избори за да излезе од политичката криза која трае две години“, изјави шефот на набљудувачите од делегацијата на Парламентарното собрание на ОБСЕ, Азај Гулијев, по посетата на Избирачко место во Скопје.

Прелиминарната оценка за текот на изборите ќе биде дадена во понеделник, откако ќе се сублимираат забелешките и резултатите од целодневното набљудување на изборниот процес. Од ОБСЕ имаат 250 краткорочни набљудувачи кои се распоредени низ целата земја. Гулијев го посети избирачкото место заедно Специјалниот координатор одговорен за предводење на краткорочната мисија на ОБСЕ за набљудување на парламентарните избори во Македонија, Роберто Батели.

Батели рече дека нема за какви било недостатоци на избирачките места.

OhridNews
извор Макфакс