Гоце Седлоски официјално е промовиран за селектор на македонската А репрезентација, информира ФФМ.
Од оваа репрезентација ќе барам максимален ангажман, храброст и желба за докажување на секој натпревар, истакна на првата прес конференција новиот фудбалски селектор на Македонија.
Сакам да гледам тим кој не се откажува и кој стои цврсто до последната минута. Верувам во квалитетот на фудбалерите, во нивната желба да го носат македонскиот дрес# рече Седлоски.
Г.М.
Фото: ФФМ













