Ваквото решение е несоодветно реагира охридскиот огранок на ВМРО НП, од каде посочуваат дека влaдејачката ВМРО ДПМНЕ не го исполнила даденото ветување пред граѓаните.
– Само сакаме да ве потсетиме на ветувањето кое го имате напишано во вашиот Манифест со кој излеговте пред граѓаните на Република Македонија, а го имавте уште во програмата во 100 чекори во 2006 година и упорно со истите лаги барате мандат. Во вашата програма пишува дека ќе има изградба на автопат од Гостивар до Охрид со крак до границата со Албанија кај граничниот премин Ќафасан. Се надеваме дека на наредните избори ќе објасните за лажните ветувања пред граѓаните на Република Македонија и дека конечно граѓаните ќе го препознаат вашето вистинско лице.-се вели меѓу другото во реакцијата на ВМРО НП.