Од први јуни престолнината на Естонија Талин и Охрид ќе бидат поврзани со чартер линија. Ова е договорено на туристичката презентација на Македонија во Естонија што се оджржува деновиве, информирaат од ТА „Фибула Травел“.

-Со авионските чартер линии ќе оперира естонскиот авиопревозник „Нордика“, а пакетот аранжмани за охридско – струшката ривиера, кои ќе бидат едно и двонеделни, се веќе подготвени во соработка со естонскиот тур-оператор „Ауринко“. – информираат од ТА „Фубула Травел“, која ќе се грижи за престојит на естонските туристи во Македонија.

На презентацијата во Талин, на која присуствуваа претставници на туристичкиот сектор на Естонија и гости, меѓу кои и aмбасадорот на Република Македонија во Естонија Слободан Саздов, ТА „Фибула“ ги презентираше туристичките потенцијали на земјата со акцент на планинскиот и езерскиот туризам во Охридскиот регион.

Презентацијата на туристичките потенцијали на охридскиот регион во Естонија се реализираше во рамки на ИМЕ програмата имплементирана од „Swisscontact“.

OhridNews