Во службен весник бр. 135 од 3-ти октомвrи 2011 објавени се измените на законот за ДДВ. Истиот стапува на сила на 11-ти овој месец од кога ДДВ-то за услуги за сместување (ноќевање со појадок, полупансион и пансион) ќе се пресметува по повластена даночна стапка од 5%.

Официјалната потврда на намалувањето на ДДВ-то за сместување, ја поздравија од ХОТАМ, од каде изразија задоволсто што владата го одржала даденото ветување.

– Само со исполнување на ветувањата можеме да движиме напред во позитивна насока.-велат од ХОТАМ, од каде очекуваат дека намалувањето на ДДВ-то ќе донесе позитивни резултати и развој на туризмот.

OhridNews