Официјалните резултати добиени од Лабораторијата за храна при Ветеринарниот институт во Скопје, покажуваат дека нема знаци на труење на плашицата. Со тоа се потврдија првичните наоди ,дека до помор на плашицата дошло поради недостиг на свежа вода, поради што плашицата која доаѓа да презими во каналот немала доволно кислород, при што во обид да преживее се движела кон горниот дел на каналот.
Според тогаш направените проценки, во поморот угинаа помеѓу 15 и 20 тони риба.
Од крајот на месец март хидролошката состојба во каналот е подобрена со што повторно се обезбедени неопходните услови за опстанок на живиот свет во каналот.