Турската компанија „Фибула“ на охридското крајбрежје ќе гради аквапарк и нов луксузен хотел, јавува „За се“.
Аквапаркот ќе биде граден по оној кој е дел од реновираниот хотел Изгрев, но поради просторот ќе биде помал. Хотелот ќе биде ултра луксузен, а во него покрај гости од Македонија очекуваат да доаѓаат гости од регионот.
Порталот пишува дека подготовката на теренот неофицијално треба да започне идната година.
OhridNews
„За се“