-Со првиот проект Општина Охрид аплицираше заедно со Венеција, а истиот се однесува на промоција на кулурното наследство во овие два града. Вториот проект се состои од план за поставување на новите патеки на стариот пат Виа Игнација, со кој што имаме заеднички аплицирано со градот Болоња. Третиот проект е заеднички проект на Охрид и грчкиот град Волос, а се однесува на поставување на туристички рути низ повеќе градови во овој регион.-вели Гоце Симоноски, раководител на Секторот за туризам и Локален економаки развој, при Општина Охрид.
Тој објаснува дека изготвените проекти ги доставиле на крајот на 2009 година, а првичните резултати од одобрените апликации се очекува да бидат објавени во текот на месец февруари. Доколку се одобрат овие проекти Општина Охрид ќе добие значителна сума на пари, со кои ќе се овозможи остварување на сите планови предвидени со проектите.
За Програмата за развој на туризмот во Југоисточна Европа, интерес пројавуваат голем број градови од овој дел на контиентот, но средства за реализација ќе добијат само неколку од нив.