Охридската спортска јавност со шок и неверување ја прифати веста за трагична смрт на директорот на А селекцијата, Петар Милошевски.

– Шокирани сме од веста за трагичното загинувањето на Петар Милошески. Македонскиот фудбал загуби голем човек, човек кој живееше за фудбалот кој живееше за спортот. Ние изгубивме пријател, пријател кој имаше големи фудбалски планови и визија за Спортско рекреативниот центар Билјанини Извори за што поконкретно бевме запознаени и за време на неговата посета минатата есен. ЈП Билјанини Извори изразува големо сочуство до најблиските и до сите вработени во Фудбалската федерација на Македонија. Почивај во мир Пеце !! – стои во соопштението од Јавното претпријатие „Билјанини Извори“.
Милошевски беше омилен кај сите, а кога доаѓаше во Охрид стадионот „Атина Бојаџи“ беше негов неизбежен дел од посетата.
Мх.П.










