Од оваа пролет, заклучно со месец ноември, компанијата Елколект, лиценциран колективен постапувач со отпадна електрична и електронска опрема и отпадни батерии и акумулатори,  започна голема еко акција за собирање на отпадни батерии во 25 основни училишта низ 11 општини во Република Македонија. Освен општина Охрид, со акцијата опфатени се и Битола, Куманово, Гази Баба, Струмица, Босилово, Крива Паланка, Ранковце, Василево, Дебрца и Ново Село.

Во соработка со училиштата, компанијата Елколект подготви едукативно-информативен материјал и наменски еко кутии кои се веќе поставени на видливи места во училишните згради. Во еко кутиите учениците ќе ги оставаат отпадните батерии кои се создаваат во нивните  домаќинства и на тој начин ќе спречат протекување на опасните супстанции како цинк, литиум, олово, кадмиум и жива што се содржат во батериите да ги загадат почвата, подземните или површинските води.

Акцијата во Охрид ќе се реализира во основните училишта „Св.Климент Охридски“ и „Христо Узунов“.

OhridNews