Натпреварот во „Билјанини Извори“ против четвртфиналистот во Лигата на Шампиони, Вардар е награда за ракометарите на Охрид за историскиот успех направен во регуларниот дел од Супер лигата.
„Гладијаторите“ за прв пат ќе бидат дел од плејофот мечевите, а ќе имаат огнено крштевање против најголемиот конкурент за титулата Вардар.
– После три години макотрпно работење сите во клубот сме пресреќни што имаме шанса да се натпреваруваме во плејофот од Супер лигата. Незнам дали е среќа или несреќа, но е голема чест што првиот меч го играме дома против Вардар. Ова ќе биде историски момент за охридскиот спорт бидејќи никогаш поскапа, побогата и поорганизирана екипа на гостувала во Охрид. – рече Горан Андоновски.
Охриѓани во полн состав ќе го пречекаат тимот на Вардар предводен од Штербик на голот, Дибиров на крило и Горбок, Карачиќ и Циндриќ не бековска позиција.
– Наша задача ќе биде да изиграме добро, најдобро што знаеме и што подобро да се претставиме бидејќи после дуелот со Металург не очекуваат сериозни испити во Купот на Македонија. Тоа е потребно и поради нашите гледачи кои сигурно ќе дојдат во голем број. Ние во Купот ја гледаме нашата шанса и таму ќе ставиме најголем акцент. – потенцираше охридскиот стратег.
Ракометниот клуб Охрид ветува фантастична најава на мечот по светски рамки, а исто така апелираат љубителите на ракометот да дојдат порано во спортската арена бидејќи ќе се затвараат вратите по почетокот на мечот.
Јосип Кежиќ: Мечот со Вардар наш најлесен сезонава
Мх.П.