Рудникот Стогово, кој во еден дел припаѓа во општина Дебрца е издаден под концесија. Иако во најголем дел рудникот е на територија на општината Кичево,  Локалната самоуправа во Дебрца смета дека од тоа корист ќе имаат жителите на оваа рурална општината.

-Потпишувањето на договорот за експлоатација на минерални суровини за рудникот Стогово од кој најголемиот дел и припаѓа на општина Дебарца, ќе значи локален економски развој и нови работни места што ќе бидат од големо значење за жителите на Општина Дебарца и обезбедување на нивна егзистенција.-се вели во соопштението од Локалната самоуправа.

Рудник Стогово под концесија го доби фирмата “Мајнинг“ која на тендерот што распиша државата достави понуда од 26 милиони денари. Резервите на руда во Стогово се проценуваат на 15 милиони тони со просечна содржина на манган од околу 24 проценти.

OhridNews