
-Општина Охрид во реализација на било која Урбанистичко планска документација, вклучително и предметната локација која се спомнува во пресот на СДСМ – Охрид, се раководи исклучиво според постоечките и важечки законски прописи и регулативи кои произлегуваат од законите за просторно и урбанистичко планирање и законот за градба, а врз основа на согласностите и мислењата добиени од сите надлежни институции инволвирани во процесот на носење на еден урбанистички план, пишува во општинската реакција.
Во неа се потенцира дека општината води сметка за општите потреби на градот и потребите на граѓаните, врз основа на начелата врз кои функционира секоја Локална самоуправа.
-За сите активности кои се предвидуваат на таа локација во еден подолг временски период континуирано ја известуваме јавноста, во постојаната комуникација со медиумите и во ниеден момент не сме отстапиле од искажаните или зацртаните определби и стратегии. Така и во овој момент. Во интерес на јавноста ве информираме дека конкретната локација од имотот на пошироката фамилија на господинот Протугер се наоѓа во зона каде и според се уште актуелниот ГУП и поранешната студија за заштита на Блатото, донесена од минатото раководство, е на позиција која што е надвор од зоната на строга заштита на блатото, објаснуваат од општина Охрид.
Оттаму потенцираат дека како и за сите граѓани на Република Македонија така и во овој случај нема ништо спорно во намерите на секој граѓанин да си го оствари своето неприкосновено право на сопственост.
OhridNews












