Проектот „Образованието и полицијата против дрогата во заедницата“ што заеднички го реализираат Секторот за внатрешни работи  и Локалната самоуправа продолжи со имплементација во основните училишта во Охрид.

Од почетокот на месецов предавања за штетноста од употреба на дрогите се одржале во ОУ „ Христо Узунов“, ОУ „ Григор Прличев“, ОУ „Ванчо Николески“ во село Лескоец со подрачните училишта од селата Куратица и Косел, во ОУ „ Кочо Рацин“ со подрачното училиште од село Долно Лакочереј, ОУ „ Живко Чинго“ во село Велгошти и ОУ „Св. Наум Охридски во село Пештани.

Во текот на месец март годинава, проектот се реализираше и во охридските средни училишта, а неговата цел е да се делува превентивно и да се  подигне свеста кај младата популација од опасноста од употребата на дрога.

OhridNews