Основците од „Григор Прличев“ се приклучија кон светската кампања за подигање на свеста за ретките болести, која годинава се одвива мотото „Покажи ја својата реткост, покажи дека се грижиш“.

Во пресрет на светскиот ден на лицата со ретки болести 28 февруари, кон кампањата се приклучија голем број основци од градот, средношколци дури и најмалите во градинките и игротеките.

Денес во светот 300 милиони луѓе живеат со ретка болест, а постојат 6000 различни дијагнози.

OhridNews