Се поголем број млади охриѓани се приклучуваат кон светската кампања за подигање на свеста за ретките болести, која годинава се одвива мотото „Покажи ја својата реткост, покажи дека се грижиш“.
На различни начини, изразувајќи ја својата креативност, тие покажуваат дека се грижат и ги поддржуваат своите другарчиња без разлика со какви проблеми тие се соочуваат. Во пресрет на светскиот ден на лицата со ретки болести 28 февруари, се поголем е бројот на училишта и градинки во земјава кои се приклучуваат кон кампањата.
Денес во светот 300 милиони луѓе живеат со ретка болест, а постојат 6000 различни дијагнози.
OhridNews


















