Учениците  од подрачното училиште во село Трпејца, при ОУ „Св. Наум Охридски“ Пештани, со задоволство се вклучија во кампањата за поддршка на Децата со ретки болест.

Изработија плакат, дискутираа за хуманоста и покажаа интерес за активно вклучување во маршот закажан за 28-ми февруари.

Детското срце е најискрено и од него најмногу излегува љубов и подршка, хуманост и толеранција, порачаа учесниците во активностите.

OhridNews