Скутерите на вода како и во претходните години со одлука на Владата нема да смеат да се пловат по Охридското Езеро во текот на целиот летен период од 11 до 19 часот. За чамци ограничувањето е за периодот од 1 јули до 31 август во времетраење од 21 до 5 часот секој ден.

Во посочениот период, Капетанијата на пристаништата во соработка со Езерската полиција ќе врши редовни контроли за почитувањето на оваа забрана, при што ако се констатира прекршок, прекршителите ќе бидат санкционирани со казна од 800 евра.

Оваа забрана важи и за Дојранското и Преспанското Езеро

OhridNews