Температурите деновиве ќе растат. Време е за вистинско летно освежување спакувано од најчитаниот интернет портал во поширокиот регион. OhridNews и ова лето покрај свежи информации на читателите им подготви многу забава и бројни изненадувања. Ќе ве однесеме на најдобрите настани на најголемата музичко сценска манифестација „Охридско лето“, заедно ќе ги откриваме подводните тајни на Охридското Езеро, ќе се журкаме на најдобрите охридски плажи, ќе ве релаксираме и опуштиме и ќе ве информираме за сите културни и забавни настани на ривиерата. Ваше е само да бидете онлајн, да сте (станете) наши пријатели на Facebook и да се информирате за наградните игри на официјалната фан страна на OhridNews.


Големата летна наградна игра на OhridNews ја започнуваме со доделување на 2 влезници за театарската претстава „Sports Play“ од Елфриде Jелинец, во продукција на Just a Must Theatre, Лондон – Велика Британија, што ќе биде изведена на 24-ти јули во дворот на ОУ „Св. Климент Охридски“ со почеток во 21 часот.

За да учествувате во наградната игра на OhridNews: Мора да сте фан (да кликнете Like) на нашата Facebook страна, посетете ја и следете ги иснтрукциите.

Добитникот на наградата ќе биде избран по случаен избор и ќе биде јавно објавен на Ohridnews.com и на нашата фан страна на Facebook во текот на утрешниот ден (среда).

Читателите на OhridNews од денеска подетално ќе може да се информираат за настаните од областа на забавата, концерти, настапи на диџеи и естрадни ѕвезди, културни случувања….За таа цел во забавната рубрика секојдневно ќе бидат освежувани најави за забавните и културните случувања во градот и ќе бидат објавувани информации, разговори и стории.

Наскоро следува и многу повеќе.

Не пропуштајте ја забавата!

OhridNews