Традиционалната крводарителска акција која во организација на Црвен крст Охрид секоја година се одржува за празникот „Св.Климент“, и оваа година ќе се реализира во основното училиште „Св.Климент Охридски“.

Акцијата ќе се одржи на 8 август (вторник) во периодот од 19-24 часот и на  9 август (среда) во периодот од 9-13 часот. Се покануваат хуманите сограѓани и гости да ја искажат својата хуманост дарувајќи крв на оваа крводарителска акција.

OhridNews