Од страна на министерот за образование Панче Кралев, вчера уште еднаш беше повторена препораката, секоја општина да одлучи како ќе се одвива наставата во зависност од временските услови со кои се соочува.
– Постојат големи разлики во временските услови во општините во Македонија и поради тоа не е потребно на ниво на држава да се донесе генерална препорака, изјави министерот Кралев.