И оваа сабота  од 10 до 15 часот тестовите за можни
деформитети на мускулно-скелетниот систем кај децата ќе бидат бесплатни во студио Кинезио. Заинтересираните родители можат да закажат преглед за своите деца и да се консултираат со стручни лица за нивното здравје.

-На претходните прегледи повеќе од 40
деца беа тестирани. За жал процентот на деца со
деформитети и проблеми на мускулно-скелетниот систем е многу голем, велат од Студио Кинезио.

Деформитети на рбетниот столб, градниот кош,нозете,
стапалата и мускулатурата се чест проблем на денешните деца на возраст
од 7-8 години до 15-16 години. Неправилното држење на телото, малата
спортска активност, компјутерите, неправилниот од, се дел од причините кои влијаат на неправилниот раст кај децата.

Студио Кинезио се наоѓа на ул. „Даме Груев 57“.

OhridNews