Кој го посети хотелот „Тино“ во населбата „Св. Стефан“ изминатиот викенд знае за што станува збор, кој не, еве можност тоа да го направи оваа сабота и недела. Охриѓани и гостите кои викендот што доаѓа ќе престојуваат во Охрид повторно ќе може да уживаат во базенот, спа центарот и извонредната услуга на хотелот „Тино“ во Свети Стефан по промотивна цена.

Со дневна карта по цена од само 550 денари по лице, во сабота и недела (на 14-ти и 15-ти ноември) гостите ќе може да уживаат во еден оброк составен од предјадење, главно јадење по избор од мени, десерт и еден пијалок. Во понудата е вклучено и гратис користење на спа центарот, на внатрешниот базен и базенот за деца. За децата до 6 години чии родители ќе ја користат оваа понуда, капењето во базените е гратис. 

Потсетување дека неодамна хотелот „Тино“ започна со издавање на месечен билет за користење на затворениот базен и спа центарот за само 3.000 денари. Посетителите со месечната карта ќе може да го користат неограничено внатрешниот затоплен базен како и спа центарот кој располага со џакузи, сауна и бања на пареа.

OhridNews