Продолжуваат хуманитарните активности за собирање средства за операција на Сара Настеска во Германија.
Денови, акција организираа и пензионерите од Охрид и Дебрца. Финаниските средства кои беа собрани од пензионерите, беа уплатени на жиро-сметката на Стопанска банка, на семејството Настески.- ЗП Охрид и Дебрца ги подржува и активно се вклучува во вакви хуанитарни акции, а особено кога се работи за лекување и спасување на помлади наши сограѓани, вели претседателот на здружението Ѓорѓи Трпчески.
И од Женски центар „Бисера“ најавуваат дека годинешната манифестација „Тортијада“ ќе се одржи во знакот на хуманоста. Сите средства од продажбата на тортите ќе бидат донирани за лекувањето на Сара. Настанот ќе се одржи на 3-ти ноември во хотел Амбасадор со почеток во 20 часот. Цена на карта со вклучена вечера изнесува 450ден. Повелете да бидеме хумани!













